Во последните 24 часа во Битола нема регистрирани новозаболени од ковид-19, но за ќел имаме едно починато лице на 68 години. Регистрирани се и двајца оздравени пациенти.
Вкупно во изминатите 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19.
Починати се 12 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550.






