Press "Enter" to skip to content

Денес ќе се одржи 61. седница на советот на Општина Битола

Претседателот на Советот на Општината Битола Валентин Груевски, за денес, вторник, 20 октомври ја закажа 61-та седница на Советот на Општината Битола, која ќе се одржи во  салата за седници на Советот на Општината Битола.

На дневен ред на денешната седница ќе се најдат заклучоците за штети од поплавите во јули, зимската служба, примање на “пајак“ возилото на ЈП за паркинзи, цени за подигање на непрописно паркирани возила, за патот за Цапари…

Комплетниот дневен рен на кој ќе има 24 точки:

1. Заклучок за усвојување на извештајот од Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди – град (03.07.2020).

2. Заклучок за усвојување на извештајот од Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди – град и поплави (05.08.2020).

3. Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2020/2021 година.

4. Социјален план на Општина Битола 2021-2024 година.

5. Статутарна Одлука за измена и дополнување на статутот на Општина Битола.

6. Одлука за изведување на градба за изградба на спомен обележје Ѓорги Наумов.

7. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата од страна на Општина Битола за потребите на СОУ „Таки Даскало“- Битола.

8. Одлука за примање на донација – техничка документација за проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на општински пат во н.м. Цапари од влез во фабриката „фалко“ до манастирот „Св.Петка“ во с.Цапари – Битола.

9. Одлука за примање донација – проект линиска инфраструктурна градба за реконструкција на општински пат во н.м. Цапари од раскрсница со државен пат R1101 до влез во фабриката „Фалко“ во с.Цапари.

10. Одлука за давање на трајно користење на движни ствари без надоместок на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола.

11. Решение за давање согласност на Одлуката за отстапување во сопственост на товарно моторно возило за специјална намена (пајак) без надомест од ЈП Комуналец Битола на Општина Битола.

12. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Ценовникот на услуги за подигање и пренесување на непрописно паркирани возила и возила кои го попречуваат безбедното движење во сообраќајот на ЈППЈЛП.

13. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈКП „Водовод“-Битола.

14. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола за воспитната 2019/2020 година.

15. Годишна Програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Естреја Овадија – Мара“Битола за 2020/2021 година.

16. Годишен план за вработување за 2021 година при ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола.

17. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на месечниот надоместок за згрижените деца во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола за месеците јуни, јули и август за 2020 година.

18. Решение за давање согласност на Одлука за измена на Одлуката со бр.02-151/7 од 14.09.2020 година на ЈОУДГ Естреја Овадија Мара.

19. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битола за воспитната 2019/2020 година.

20. Годишна Програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Мајски Цвет“Битола за 2020/2021 година.

21. Годишен план за вработување во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола за 2021 година.

22. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на месечниот надоместок за згрижените деца во ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битола за месеците јуни, јули и август за 2020 година.

23. Решение за избор на командир на полициската станица од општа надлежност Битола.

24. Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола.