По повод меѓународниот Ден на борба против полиото, 24. октомври, Ротари Клубот Битола Широк сокак организира on-line трибина насловена “Најнови информации во борбата против полиото”.
Настанот ќе се одржи на 22.10.2020 година, со почеток во 20 часот преку web платформата meet.google.com (CODE: mvc-tusv-jpq).
Гостин на трибината ќе биде д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во Специјалистичката гинеколошко акушерска болница Плодност од Битола.
Целта на овој настан е да се подигне свеста за неопходноста од превземање на сите непходни мерки за искоренување на оваа опасна болест, за што Ротари заедницата даде огромен придонес и продолжува тоа да го прави се до конечно достигнување на “нула” случаи на светско ниво.






