Press "Enter" to skip to content

Добредојде за враќањето на мајмунчето Лука во ЗОО-Битола (фото)

Денес во Зоолошката, на Тумбекафе, во Битола беше вратено мајмунчето Лука, откако пред осум месеци, поради лоши услови во живеалиштето беше преселено во скопската ЗОО.Денес в.д. директорот на ЗОО Битола, Марјан Налевски, за новите услови и за тоа се е направено во живеалиштето рече:-Денес имаме ново живеалиште за мајмуните за кое слободно можам да речам дека ги има најдобри услови од сите живеалишта. Ова е комплетно направено за шест месеци, а е вложено 1 милион денари, пари половина од Општина Битола, а половина сопствени средства. Целата ограда и сите метални делови ги направи ФОД – Битола. Така сега имаме ново живеалиште со сите потребни услови, изградено од камен, со парно греење, проширен внатрешен дел, комплетна санација на бетонските подлоги, а на овие услови Лука одлично се прилагоди во старата средина.Мајмунчето Лука сега во кафезот не е само а со него од Скопје е донесена и женка, а покрај нов сега ЗОО Битола има и ново жители,  три мајмунчиња патаси, змија боа, женски ној, змија боа со најава и за други животни.На средбата со новинарите во ЗОО Битола беше и советничката Татјана Крнчева, а имаше пофални зборови за малиот колектив на ЗОО Битола, кој во лоши услови се грижи за животните.-Зоолошката во Битола не само што нема да се затвори и да се дислоцираат животните, туку ќе се претвори во едно од најубавите катчиња на Тумбе кафе, а Општина Битола, дава и ќе дава безрезервна поддршка, како финансиски така и логистички, рече Крнчева. ЗОО Битола за време на ковод-19 мерки беше затворена два месеци, а Наловски рече дека сега има протоколи за нив, а вработените ги опоменуваат посетителите да носат заштитни средства и да не се завршуваат повеќе пред одреден кафез.