Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево, попладне облачно, вечер повремен дожд

Денес, сабота, 24 октомври, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, ќе биде по утро со појава на магла по одделни котлини и претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 21°С.

Утре, недела, 25 октомври, во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи. Температурата во Битола до 18°С.