Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“-Битола: поради дефект на пумпните агрегати, повремени прекини на вода во Брусник

ЈКП “Водовод“-Битола 

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Поради дефект на пумпните агрегати за испорака на вода во село Брусник, се информираат мештаните дека до понеделник ќе имаат повремени прекини во водоснабдувањето, но никако нема да бидат оставени без вода.

Екипите на ЈКП “Водовод“-Битола ќе бидат на терен и ќе работат на брза санација на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.