Ротари Клубот Битола, Широк Сокак традиционално и оваа година, но за жал во ковид-19 услови го одбележа меѓународниот Ден на борба против полиото 24. октомври.
По тој повод Ротари Клубот Битола, Широк Сокак организираше прво “он-лајн“ трибина насловена “Најнови информации во борбата против полиото“.
Трибината ја одржа д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во специјалистичко гинеколошка болница “Плодност“ од Битола. Камбовска сподели исцрпната информација за моменталната состојба со Полиомиелитисот во светот, правејќи и паралела со актуелниот вирус ковид-19, што наиде на голем интерес кај сите кои беа вклучени во предавањето.
Исто така во одбележување на денот на полиото членовите Ротари Клубот Битола, Широк Сокак симболично засадија садници во паркот наспроти Педагошкиот Факултет Битола, а тоа се 0рганизира со поддршка на вработените на ЈП “Комуналец“.
Инаку, полиомиелитисот е високо инфективна болест која најмногу ги погодува децата до 5 години. За оваа болест нема лек но постои безбедна вакцина. Во 1988 год. на иницијатива на неколку организации била одржана 41 седницата на СЗО на која се донела одлука за трајна и посветена работа на партнерите на СЗО за ерадикација на полиомиелитисот на глобално ниво. Еден од партнерите и иницијатори бил “Rotary International“ при што членови на нашата организација биле преставници на оваа седница на СЗО.
Како резултат на децениската посветена работа од страна на Ротари и нашите партнери вакцинирани ср над 2.5 билиони деца.

Ротари Клубот Битола, Широк Сокак со “он-лајн“ трибина и сазадување садници ја одбележа борбата против полиото (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа





