Денес, вторник, 27 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 21°С.
Утре, среда, 28 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно, во јужните делови со услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 19°С.






