Денес во Битола има регистрирани 28 битолчани позитивни на ковид-19, а се работи за лица на возраст од 2 до 78 години. Од нив 16 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице.
Во Битола има и 15 оздравени пациенти.
Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19.
Починати се 15 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.827, бројката на оздравени пациенти е 19.479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7.399.






