Пандемијата со Ковид – 19 не ги спречи вработените во ЈП “Стрежево“, денес масовно да ја изразат својата хуманост и солидарност преку дарување на крв.
Сите крводарители мораа да носат маски, да ги дезинфицираат рацете пред пунктот, и да им се измери температура.
Крводарителската акција е во соработка со Црвен крст Општинска организација Битола и Институтот за трансфузиона медицина.
Крводарителската акција се организираше во просториите на претпријатието, а целата акција се спроведе по сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.






