Press "Enter" to skip to content

Одложени претставите во театарот, ковид-19 не ги заобиколи

Поради неколку изолирани на случаи на ковид-19 во Народниот теетар во Битола ги одложи претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време, а со соопштение се обратија до битолчани:

-Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас, драга публико, претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време.

Исто така одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатитот период беа изведени под силни протоколи и по сите препишни мерки на заштита.

Вашата поткрепа ни е потребна повеќе од било кога, зашто театарот без публика е безсмислен! Останете ни во добро здравје и се гледаме наскоро!

Ваш Народен Театар Битола

More from ВестиMore posts in Вести »