Денес во Битола регистрирани се 29 нови лица кои се позитивни на ковид-19, а вкупно во Македонија има 870 нови случаи, од направени 2.647 тестирања.
Починати се 14 лица во болнички услови, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од кои во Битола се 9.
Досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, бројката на оздравени пациенти е 19.771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.






