Press "Enter" to skip to content

Заврши асфалтирањето на “Партизанска“ над “Веро“ во Битола

Заврши асфалтирањето на ул. „Партизанска“ во Битола, над маркетот “Веро“ во должина од 730 метри, откако претходно комплетно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а се  изврши промена и на водоводните и канализационите приклучоци.

Во моментов се работи на поставување на тротоар и нова патека на дел од улицата, а екипите на терен вршат порамнување и отстранување на градежниот шут.

Општина Битола за овој проект од сопствениот буџет инвестираше 21.931.512 денари за промената на водоводните и канализационите приклучоци, како и за новиот коловоз и сегашното тротоарско уредување. Преку Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната и канализационата мрежа беа обезбедени 13.857.940 денари.