Денес, четврток, 31 декември, во последниот ден во годината во Битола според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи на Македонија, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои може повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. За време на Новогодишната ноќ ќе биде суво. Температурата во Битола до 11°С.
Утре, петок, 1 јануари 2021 година во Битола времето ќе биде наутро постудено, а преку денот претежно сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Температурата во Битола до 11°С.






