Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и ќе дува слаб до умерен ветер

Денес, петок, 1 јанаури, на првиот ден во годината, во Битола, времето според прогнзите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 12°С.

Утре, сабота, 2 јануари, времето во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со услови за појава на магла. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен. Максималната температура во Битола ќе биде до 10°С.