Press "Enter" to skip to content

Две машки новороденќчиња во болница “Плодност” во Битола на почетокот на 2021 година

Во 8.58 часот, на свет дојде првото машко новороденче во Болница „Плодност“ во Битола во новата 2021 година, со родилна тежина од 3650 грама, долго 52 см. За помалку од два часа, поточно во 10.45 во болницата во Битола дојде на свет уште едно машко новороденче, со родилна тежина од 3460 грама, долго 50 см.Дежурната екипа, во Плодност во Битола во состав др Владимир Поповскигинеколог-акушер, д-р Марика Мишиќ Илиевска педијатар, анестезиологот Васко Димитровски, медицинските сестри Фросина Талевска, Елеонора Џарлиева Ивановска, акушерката Александра Димовска, Жанета Веселица инструментарка и лаборантот Даниел Костевски, на висина на својата работна задача во овој прв ден од 2021 година, беа дел од најубавите новогодишни мигови на радост, среќа и успеси.
Директорот на Болница „Плодност“  во Битола прим. д-р Таше Трпчевски и менаџерскиот тим на Болница „Плодност“, упатуваат чаеститки до родителите и семејствата на новородечињата, со желби за добро здравје, среќа и радост, а за новороденчињата просперитетна иднина и големи животни успеси.