Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.525 тестирања, а регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 5 нови позитивни на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од кои во Битола се 21 пациент.
Со овие денешни бројки во Битола до сега има 3.052 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 512 случаи.
Починати се 8 лица, од кои еден пациент Битола на 66 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565.






