Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола е регистрирано едно лице позитивно на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од кои во Битола 26 пациенти.
Со денешните бројки во Битола до сега има 3.053 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни има 485 случаи.
Починати се 20 лица двајца пациенти од Битола на 84 и 69 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, бројката на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а бројот на активни случаи изнесува 18.047.






