Прес конференција одржа Државниот санитарен и здравствен инспекторат на која меѓу другото се зборуваше за спроведените надзори и по нив изречени 35 прекршочни пријави и 24 решенија за констатираните неправилности, како и 16 прекршочни платни налози.
Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти.
По 2 угостителски објекти во Битола и Тетово и за 1 угостителски објект во Струмица, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса.
Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Споредбено со периодот од 21 до 27 декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто.
За време на новогодишната ноќ, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, спроведоа голем број на заеднички контроли во угостителските објекти, но како што и веќе напоменав беа констатирани мал број на прекршувања, односно беа затворени 2 угостителски објекти (Струмица и Битола).






