Денес, среда, 6 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 8°С.
Утре, четврток, 7 јануари во Битола времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 8°С.






