Минатата година неколку илјади дечиња од Битола со песна и со ѕвезди во рацете по Широк Сокак во Битола, го најавија Христовото раѓање, но годинава тие тоа го направија на поинаков начин, согласно протоколите за заштита од ковид-19.
Организаторите на Бадниковата поворка во Битола со изработени честитки од страна на најмладите битолчани, кои ги ставија во посебна голема кутија под елката на “Магнолија“ и со желби оздравување го најавија Христовото раѓање, Божик.
-Годинава, бевме спречени организирано да се собереме и со песна да го најавиме Христовото раѓање. Но, иако не физички, духовно се сплотивме посилно од било кога. Драгите дечиња, нивните изработени честитки, го донесоа на плоштадот “Магнолија“ и ги ставија ги во големата магична кутија. Со овој гест, годинава, посилно од било кога, тие го најавија Христовото раѓање, кое ќе донесе љубов во секој дом, па и во инфективното одделение, во Битола, рече Јасна Николовска, која додава:
-Изминатиот период, нашите бадникарчиња со своите родители изработуваа честитки со најубави желби. Нивната скромност и спонтаност отиде на местото каде што во моментов е најпотребна добра мисла, надеж и љубов, во инфективното одделение во Битола, навистина скромно, но од срце.
-Не постои поголема сила од Божјата и неа не можи никој да ја спречи и да ја забрани. Благодариме на сите дечиња кои учествуваа во оваа благородна мисија, но изразуваме голема благодарност до сите кои помогнаа оваа година на овој начин да го најавиме Христовото раѓање, вели Кире Божиновски.
-Во 2022 да не има повеќе од лани, Широк Сокак да биде тесен за сите дечиња од Битола, во Бадниковата поворка, порача Кире Божиновски, еден од организаторите на Бадниковата поворка..

Наместо Бадникова поворка низ Широк Сокак, годинава со честитки од децата и желби за оздравување најавено Христовото раѓање (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Нови спортски терени во “Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари
- Во рамки на УКЛО КОЛОРС меѓународен настан – колабораториум
- Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола со интерактивен отворен ден “Агро-Фест
- КИЦ го објави јавниот повик за Битфест 2026





