Press "Enter" to skip to content

Во “Плодност“ – Битола во 2020 година 592 нови членови на нивното големо семејство

Во специјалната гинеколошко акушерска болница “Плодност“ во Битола минатата, 2020 година, ја испратија со 592 новороденчиња, кои дојдоа на свет во Болницата.

-Особено не радува фактот што постојано, од година во година расте бројот на новороденчиња во нашата болница. Во 2019 година имавме 569 новороденчиња, што претставува зголемување во 2020 година за 23 нови членови на нашето големо семејство, или пораст за речиси 4%, велат од “Плодност“ од Битола.

-И годинава, остануваме единствени во грижата за Вас и Вашето новороденче, порачуваат од “Плодност“.