Првиот ден по Христовото раѓање, Божик, среда, во битолската црква “Света Недела“ во Битола, свештениците одржаа света Златоустова литургија. На службата за разлика од минатите години присуствуваа битолчани значително помал број верници кои претежно живеат во овој дел на Битола, а и присутни беа и други кои беа дојдени во црквата од другите делови на Битола, секако со почитување на протоколите за посета на јавни места со одржување на задолжителна дистанца и носење на маски.
На верниците, свештениците, им порачаа дека на овие денови се слави Христовото раѓање, а не смрта и воскреснувањето, па затоа не треба да се посетуваат гробовите на мртвите.
-Денес е голем ден, го славиме Христовото раѓање. Јас сум тука редовно во црквата, но денес има малку верници, а некои кои ги познавам и доаѓаат тука не се дојдени поради болеста која е тука кај нас. Божик е голем празник, ја слушам литургијата, а се надевам дека и во наредните денови ќе доаѓам . Ги канам сите да дојдат, да не седат дома туку да дојдат во црките, да слушаат литургии и да се помолат за сите, не мора цело време да се тука, но нека бидат барем малку, ни рече Стојна, од Горно Оризари.
Богослужби во црквата “Света Недела“ во Битола ќе се изведуваат и наредните денови, а свештениците ги поканија верниците да присуствуваат на сите, за заедно да го слават Христовото раѓање.

Утрово, по повод Божик, света Златоустова литургија во црквата “Света Недела“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Нови спортски терени во “Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари
- Во рамки на УКЛО КОЛОРС меѓународен настан – колабораториум
- Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола со интерактивен отворен ден “Агро-Фест
- КИЦ го објави јавниот повик за Битфест 2026





