Денес, вторник, 12 јабуари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со локални и слаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени.
Утре, среда, 13 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. До крајот на денот врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 5 степени.






