Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 од кои во Битола се 9.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти од кои во Битола се 9.
Во ЦЈЗ Битола се направени 40 ковид тестови, а во Битола до сега има 3.326 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 124 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.






