Press "Enter" to skip to content

Инсајдерски информации за продажба ја креваат цената на акцијата на ЗК Пелагонија: Кој ги манипулира акционерите

Обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија се врши во изминативе пет дена и на таков начин вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот, а тоа најверојатбно го прават некои берзански шпекуланти и брокери. 

Имено, има интерес од сериозни глобални инвестициски фондови во земјоделскиот сектор кои веќе имаат огромни инвестиции во земјоделството во регионов, а кои пројавувале интерес за откуп и на ЗК Пелагонија. Проценетата цена е од околу 50 милиони евра, а во понудата влегува Агрокомбинатот, Електраните од 6 мw и Здравје Радово. Во случај на реализација на такво сценарио, акцијата на ЗК Пелагонија би вредела 15.000 денари.

Знаејки ги тие инсајдерски информации во моментов практично се манипулираат помалите акционери и се тргува со нивните акции кои им се откупуваат по цена од 3.900 до 4.500 денари.

Ова е случај за кој од утре мора да се ангажира и Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза. Движењето на цената на акциите и промените треба да се испитаат и да се утврди дали има вештачко кревање на вредноста на акциите.

Само навремена реакција на надлежните ќе се совпадне со заложбите на земјата па и на Владата за привлекување на стратешки инвеститори како и за измена на Законот за продажба на земјоделско земјиште на странски инвеститори.