Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: загина млад битолчанец во сообраќајка

На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото. 

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.