Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на Ковид-19 од кои во Битола се 5 лица нови позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти од кои во Битола се тројца.
Во ЦЈЗ Битола се направени 90 ковид-19 тестови, а во Битола до сега има 3.331 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 126 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.






