Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април со промоција книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и „Академско пишување1“ од проф. д-р Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.За книгата, односно учебникот “Стандарден македонски јазик, зборуваа промоторите проф. д-р Људмил Спасов и проф. д-р Димитар Пандев кои рекоа дека книгата се темели на најдобрите традиции на она што се вика македонска лингвистичка школа, почнувајќи од Блаже Конески како нејзин основач, што е во тек со денешницата, затоа што денешните читатели, денешните студенти, не купуваат обемни книги.За учебникот „Академско пишување1“ промоторите посочија книгата „Академско пишување 1“ претставува нов вид на литература во нашата земја бидејќи има недостиг од оваа литература и повеќе е од очигледна потребата на учебник од овој вид, рече промоторот проф. д-р Ирина Петровска, а ороф. д-р Добри Петрески рече:-Двете книги сигурно ќе најдат место во широкиот книжевен опус како во Македонија така и пошироко бидејќи се работи за дела кои не познаваат граница во поглед на јазикот. Наша задача е да промовираме еден мошне значаен труд кој се однесува на академското пишување како една од потребите на современиот начин на живеење и творење.
Промовирани учебниците „Стандарден македонски јазик“ и „Академско пишување1“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- “Виена во Битола“ концерт на Камерниот оркестар од Битола исполнет со новогодишна магија (фотогалерија)
- Две премиери на детски претстави во Народниот театар Битола “Снежана и седумте џуџиња“и “Снежната кралица“
- “Поетска колекција” – најновата книга на германски јазик на Александар Саша Трајковски од Битола
- Концертот “Пејте со нас“ на школата “Korunovska music & singing“ магија што ги обединува генерациите! (фотогалерија)
- Изложбата на стари фотографии “Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (фото)