Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 72.
Регистрирани се 514 оздравени пациенти од Битола се 18.
Пријавени се вкупно 35 починати лица од кои 4 пациенти од Битола на 78, 68, 65 и 63 години во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 102 ковид тестови.
Бројот на хоспитализирани пациенти е 85 во двата ковод центра на клиничката болница на инфективното одделение и во физикална.
До сега во Битола 4.235 лица биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 636 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.






