Денес повеќе од 20 адвокати и адвокатски стручни соработници од Битола се вакцинираа со вакцина против вирусот Ковид-19 во Крагуевац, Србија, со помош и посредство на збратимената Адвокатска комора од Крагуевац, Србија.
Како изјавија, адвокатите од Битола се позитивно изненадени од организцијата и исклучителниот однос на здравствените работници, но и од гестот на колегите адвокати од Крагуевац.
-Посебно изразувам благодарност до адвокат Звонко Марковиќ, претседател на адокатската комора од Крагуевац и неговите соработници, кој со овој чин манифестираа несебична и искрена почит и го потврдија нашиот взамен братски и колегијален однос. Активноста се спроведе во одлична организација за многу кратко време и експедитивност од двете страни, ни рече Никола Главинче, претседател на адвокатската заедница на битолските адвокати.
Во следниот период зависно од интересот ќе има и нова група адвокати која ќе се имунизира во Крагуевац.






