Денес, понеделник, 29 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, вторник, 30 март во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 15 степени.






