Press "Enter" to skip to content

Комисијата за заразни болести со предлог скратување на полицискиот час и отворање на летните тераси

Комисијата за заразни болести, по состанокот, денес до Владата ќе предложи намалување на дел од рестриктивните мерки, полицискиот час да почнува од 21 часот и да трае како и до сега до 05 часот и летните тераси на угостителските објекти да се отворат.

Оваа одлуката е донесена и од страна на Кризниот штаб.

Предлогот е доставен до Владата која треба да закаже седница и да одлучи дали ќе ги прифати новите мерки.

Во изминатите три недели во нашата земја имаше полициски час од 20 часот, и забрана за работење на угостителските објекти.

More from ВестиMore posts in Вести »