Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 19 позитивни на ковид-19, оздравени 34, активни случаи 1.002

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, а регистрирани се 447 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 19.

Регистрирани се 620 оздравени пациенти од нив од Битола се 34.

Пријавени се вкупно 30 починати лица, а едно лице е од  Битола  на возраст од 70 години, починато во болнички услови.

Направени преку ЦЈЗ Битола 61 и преку “Плодност“  46 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267.

More from ВестиMore posts in Вести »