Со цел зголемување на веќе постојните капацитети за згрижување на стари и изнемоштени лица, на просторот на поранешната касарна во Битола, во тек е изградба на три сместувачки капацитети за стари лица. Вкупната инвестиција изнесува 2.900.000 евра, а ќе обезбеди сместување на 210 лица и вработување на над 80 лица од Битола и околината, медицински, помошен и друг персонал согласно планот за работа на инвеститорите.
Инвеститорот на првиот сместувачки капацитет за стари лица, чија градба е во напредна фаза, претставува и успешен пример за женско претприемништво. Овој објект вклучува изградба на приземје, два ката и поткровје и истиот зафаќа површина од 2500 метри квадратни.
Градоначалничката Петровска денес се сретна со инвеститорите, со кои разговараше за напредокот и идните планови, како и за понатамошната нивна соработка со локалната самоуправа.
Поддршката која ја дава Општина Битола за инвеститорите е дел од програмскиот концепт на градоначалничката Наташа Петровска и создавање услови во општината за сите граѓани.
Според предвиденото, се врши стимулирање на лицата кои ќе пројават интерес за вложување во изградба на Дом за стари и изнемоштени лица и вработување на дополнителен стручен персонал во старските домови.

Во Касарната се градат три старски домови, за сместување на 210 стари лица, а ќе бидат вработени 80 лица
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени





