До сега во Битола има 6.148 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 947 случаи.
Пријавени се вкупно 37 починати лица, тројца пациенти од Битола на возраст од 74, 82 и 88 години.
Во битолската болница, биле 14 пациенти примени на лекување, а 11 се испишани во изминатото деноноќие, а бројот на хоспитализирани пациенти во Ковид центарот во Битола е 97 пациенти.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 61, а преку “Плодност“ 48 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.






