Денес, сабота 1 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде умерено до значително облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за врнежи од дожд. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, недела, 2 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови ќе има услови за дожд. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер. Температурата во Битола до 29 степени.






