Денес во Битола, во салата на Медицинското училиште започна масовната имунизација на населението, од овој регион, а според тоа што го видовме таму се се одвива онака како пто е пропишано со протоколите за масовна вакцинација.
Целата сала каде се одвива вакцинацијата е прегледно одбележана, а од почетокот на движењето каде се екипите на Црвениот крст од Битола, местото за чекање, подигнувањето на вакцините, кабините за вакцинација и патеката за излез од салата се “покроени“ со персонал.
За да се вакцинира еднио лице со компелните формалности и вакцинација е потребно многи кратко време.
Инаку, Битола е Регионален центар за вакцинација за жителите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, а за денес за вакцинација се закажани 910 граѓани, кои беа закажани преку матичните лекари на апликацијата „Вакцинација.мк“.
Вчера во Битола пристигнаа 5.000 кинески вакцини, а според планот вакцини ќе пристигнуваат етапно и во наредните денови, а во целиот процес се вклучени над 100 луѓе, 25 медицински тимови, администрација, како и волонтери на Црвениот крст, кои ќе работат во две смени.
Регионалниот пункт ќе работи секој ден освен недела.
[ngg src=”galleries” ids=”705″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






