Владата донесе одлука согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење со цел заштита од КОВИД-19 наместо од 21 часот, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наредниот ден. Мерката започнува да важи од 5 мај и ќе трае до 15 мај.
Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Од денес 5 мај полициски час од 23 часот, угостителите ќе работат до 22,30 часот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени





