По 60 години откако е формирана населбата “Боримечка“, односно жителите на еден крак на улицата “Прогрес“ во Битола имаа нова канализација, водоводна мрежа и поплочено со бехатон плочки.
Деновиве завршија градежните работи на улицата “Прогрес“, каде што заврши поплочувањето со бехатон плочки, откако претходно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а денес градоначалничката Наташа Петровска, имаше средба со жителите изразија задоволство од тоа што ветеното при санацијата на претходни двата краци, дека дополнително ќе се уредат и останатите, веќе е реализирано.
Во тек е тампонирање на вториот крак, по реконструкцијата на канализационата и водоводната мрежа. Од страна на Општина Битола во соработка со јавните претпријатија инвестирани се над 890.000 денари за водоводната и канализационата мрежа, а за партерното уредување локалната самоуправа инвестира околу 640.000 денари.

Крак на улицата “Прогрес“ со нова канализација, водоводна мрежа и бехатон плочки
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени





