Денот на полицијата, 7-ми мај денес беше одбележан и во Битола, исто како и минатата години, а за разлика од минатите години поради вонредната состојба активностите беа намалени.
Традиционално беше положено свежо цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полициски сили, во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ во паркот кај Саат кулата.
На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата, цвеќе положија началникот на СВР Битола -Славко Јовановски, претставници на СВР Битола и претставници на полицискиот синдикат, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, началникот на секторот за превенција при СВР Битола – Сашо Гилевски, претставници на ВМРО-ДМПНЕ од Битола, градоначалниците на Новаци и Могила.
По повод празникот на полицијата, Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола рече:
-Денес го одбележуваме денот на полицијата 7. мај, а го славиме поради тоа што на тој ден во 1903 година во Смилево селските стражи кои го обезбедуваа Смилевскиот конгрес се преименувани во милициски. За разлика од минатите години активностите се сведени на минимум поради состојбата со корона вирусот.
[ngg src=”galleries” ids=”707″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






