По повод 7 Денот на полицијата претставници на отсекот за превенција при СВР Битола беа во посета кај најмалите наши сограѓани од детските градинки “Мајски цвет“ и “Коца Василева“ во Битола.
Началникот за отсекот за превенција при СВР Битола, Сашо Гилевски, за денешните активности во детските градинки ни рече:
-Оваа активност е по моја иницијатива, а со оглед на состојбите со ковид-19 и протоколите за заштита. Се одлучивме заедно со РСБСП од Битола средбата да биде на отворено кај нашите најмали сограѓани, кај кои сме биле и во други прилики и можад да кажам дека се познаваме со дечињата. На дечињата им поделивме и мали подароци, големи за нив и за поводот, боенки, сообраќајни песнарки, приврзоци и друго се цел да им ја доближиме нашата работа и полицијата, и додаде:
-На дечињата им зборувавме за предизвикот да се биде полицаец, секако дека се мали да разберат се, но без заинтересирани за нашите кажувања. Посебно уќиваа во презентацијата на нашата опрема, полициските возила, полициските комбиња и секако полициските мотори. Мислам дека децата нешто научија за нивната возраст, за семафорите, дека не смеат да седат на предното седиште во авомобилот на родителите и други работи.
И дечињата се покажаа како добри домаќини, им приредија изложба на цртежи кои самите ги изработија, а на Сашо Гилевски и Александра Анџиева, како нивни пријатели им подарија цртежи кои ќе ги красат нивните канцеларии.
[ngg src=”galleries” ids=”708″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






