На Педагошкиот факултет во Битола се одржа студентскиот ораторски натпревар “УКЛО ТРИВИУМ 2021“ во организација на Универзитското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола (УСС УКЛО).
За најдобра ораторка беше избрана студентката Искра Талевска од Педагошкиот факултет – Битола. Второ место освои Димитар Врглески, студент на Правен факултет во Битола, а третото место припадна на Ѓорѓи Вељаноски, студент на Економски факулет во Прилеп.
Темата на која оваа година се однесуваа говорите беше “Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“. На УКЛО ТРИВИУМ годинава учествуваа вкупно 12 студент и оваа година прв пат целосната организација на настанот беше на УСС УКЛО. За тоа, претседателката Дона Петрова рече дека е голема чест и задоволсто и изрази благодарност до сите студенти кои го поддржаа настанот во услови на пандемија.
Проф. д-р Билјана Граматковски, која беше член на жири комисијата, истакна дека сите студентите кои учествуваа годинава се победници затоа што избрале јавно да говорат.
-Успех е да се стигне на местото каде се сретнуваат патиштата на граматиката, говорот и логиката“, истакна таа.
Останати чекнови на жири комисијата беа Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура Битола и актерка во Народен театар Битола; како и м-р Наташа Чавдаровска, дипломиран новинар, маркетинг менаџер и основач на граѓанската организација ФОРУМ 16.






