Press "Enter" to skip to content

Во Битола 7 нови позитивни на ковид-19, оздравени 30, починато едно лице, хоспитализирани 51 пациент

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19, а во  Битола се 7.

Регистрирани се 298 оздравени пациенти од кои од Битола се 30.

Битола досега има 6.229 позитивни лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 701 случаи.

Во Ковид центарот во Битола испишани биле 6 пациенти, а 4 нови пациенти биле примени на лекување, вкупната бројка на хоспитализирани пациенти е 51.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 1 починато лице од Битола  на возраст од 49 години во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 90, а преку “Плодност“ 76 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

 

More from ВестиMore posts in Вести »