Press "Enter" to skip to content

Планинари од Битола положија цвеќе на спомен обележјето на “Мурато кај Антената“ (фото)

Изминатиот викенд планинарите од Битола кои редовно се искачуваат на врвот Пелистер го одбележаа 10 мај денот кога на Монт Еверест загина Димитар Илиевски – Мурато кој го освои највисокиот врв на светот во 1989 година.Иако поради пандемијата не беше организиран, како и изминатата, планинарскиот марш во негова чест, десетици планинари кои се искачија на Пелистер, на Димев Врв, каде се наоѓа спомен обележјето од камен, каде е спомен плочата на Мурато и во кое се вградени планинарски реквизити, се просетија на големиот херојски подвиг на нивниот сограѓанин од Битола, положија свежо цвеќе, му оддадоа почит со минута молчење, се фотографираа, а со тоа се продолжи сеќавањањето за Димитар Илиевски – Мурато.Инаку да потсетиме, дека токму на денешен ден, 10 мај 1989 година, пред 32 години, Димитар Илиевски – Мурато успеа да се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверес (8.848 м.), како член на  тогашната југословенска алпинистичка експедиција “Еверест ’89“, но за жал, Димитар Илиевски не успеа да го преживее спуштањето од врвот и засекогаш остана таму.Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се искачи на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје на врвот Димев врв и пред “Копанки“. Посмртно ја доби наградата „Медал за заслуги за Македонија“.

Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес, бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба, често пати прaтејки патека во снегот и пред шерпасите.

 

More from ВестиMore posts in Вести »