Press "Enter" to skip to content

На Светскиот ден на физичка активност убава вест за битолчани, реконструкција на патеката на Тумбе Кафе

Во услови на пандемија кога граѓаните, особено младите не практикуваат физичка активност, потребно е да се акцентираат здравствените бенефити од рекреативното спортување.Општина Битола, во партнерство со локалните спортски клубови и здруженија, организираа спортско- рекреативни активности со цел подигнување на свеста за значајноста од физичката активност, во согласност со препораките за превенција и заштита од Ковид-19. Членовите на веосипедскиот клуб „Пелистер 15 мај“ возеа до Бистрица, а останатите учесници рекреативно пешачеа низ Градскиот парк и по патеките на Тумбе Кафе.На Светскиот ден на физичка активност, градоначалничката промотивно ја најави новата активност на Општина Битола.

-Во оваа градежна сезона сме подготвени за целосна реконструкција на патот кон зоолошката градина, односно на патеката која води кон Тумбе КаФе и која што битолчани редовно ја користат. Патеката ќе добие нов, поубав изглед и ќе даде шанса и можност повеќе за рекреација на граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »