Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на КОВИД-19, од кои во Битола се 9.
Регистрирани се 409 оздравени пациенти од кои од Битола се 36.
До сега во Битола има 6.238 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 642 случаи.
Во регионалниот Ковид центар во Битола, утрово вкупната бројка на хоспитализирани пациенти е 45.
Пријавени се вкупно 26 починати лица, 3 лица од Битола на возраст од 41, 65 и 82 години.
Направени преку ЦЈЗ Битола 47 и преку “Плодност“ 49 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.






