Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ од Битола со крап и пастрмка порибено Стрежевското Езеро (фото)

Денес Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, изврши редовно порибување на акумулацијата „Стрежево” со подмладок од крап и пастрмка, околу 500 килограми од двата вида со единечна маса и број на единки предвидени во Риболовната основа.Целта е зачувување и заштита на автохтоните видови риби, како и одржување на популацијата на рибите во акумулација “Стрежево“.За регулирање на активностите при порибувањето се грижеа сите релевантни субјекти кои присуствуваа и успешно се координираа на овој свечен чин (претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство, овластената установа – изработувач на Риболовната основа, репроцентарот Акватика, претставници на медиумите, риболовни здруженија, заинтересирани граѓани, и се разбира надлежните лица на концесионерот, ЈП “Стрежево“ од Битола).Во време на големи предизвици, Стрежево продолжува по трасираниот пат, со принципиелна и посветена работа обезбедуваме соодветени решенија кои ќе бидат усогласени преку континуирани технички политики, а фокусот на сите нив води кон заштитата и унапредувањето на животната средина и квалитетот на нашите услуги.

More from ВестиMore posts in Вести »