Вчера започна асфалтирањето на спортските терени во ОУ “Тодор Ангелевски“ во Битола, а беа асфалторани повече од половина од површината каде ќе бидат одбележани четири спортски игралишта.
Терените ќе бидат наменети за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка, заедно со потребните спортски реквизити, а паралелно се врши хортикултурно уредување.
Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови.
Општина Битола за реконструкцијата на спортските терени издвои над 3.700.000 денари.






