Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 8 позитивни на ковид-19, оздравени 30, хоститализирани 49 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 8.

Регистрирани се 487 оздравени пациенти од кои од Битола се 33.

До сега во Битола има 6.246 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 617.

Утрово вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат во регионалниот Ковид центар во Битола беше 49. 

Пријавени се вкупно 16 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола-46 и преку “Плодност“ 30 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »